За нас

Добредојдовте!

За бројните намерници, гости и посетители, препознатливи сме по традиционалната гостопримливост, љубезност и високиот квалитет на услугите што ги нудиме. Но, тоа што е стекнато како реноме и што секојдневно се упатува кон нас како пофалба и признание, ние го сваќаме како обврска. Настојуваме секојдневно да се потврдуваме и докажуваме, а не да се задоволиме со она што сме го достигнале. Сето тоа - за да ја оправдаме вашата доверба, да ги потврдиме вашите очекувања и да ги оствариме вашите желби.

Ресторанот „Св. Софија“ е препознатлив во угостителската понуда на охридското крајбрежје по оригиналниот ентериер, пријатниот амбиент, современата опременост, специјалитетите на храна, богата винска карта и над се - квалитетна услуга.

Во текот на вечерните часови можете да уживате во македонска староградска музика изведена во живо.

Објектот располага со сала за гости чиј капацитет е 40 седишта и две отворени тераси со по 50 седишта. Токму во нашиот ресторан можете да се чувствувате онака како што посакувате: да уживате во разноврсната и висококвалитетна храна со широк избор на оригинални пијалоци, да се препуштите на пријатниот мир во текот на денот.

Веруваме дека овој вид на комуникација со вас ќе ја прифатите како потврда на нашата определба да бидеме што поблиску до вас, да бидеме секојдневно во контакт. Да имате можност секогаш навреме да знаете што е она што го нудиме, со што располагаме, како сме подготвени кон што тежнееме.
Се надеваме дека ќе бидеме во можност да ги добиваме вашите мислења, сугестии, предлози, забелешки и прашања.Сите тие за нас ќе бидат добредојдени како корисни информации за да можеме да бидеме уште подобри и во целост да можеме да ги исполнуваме вашите очекувања.

 

 

 

Copyright ® 2007 Ресторан Св. Софија

За нас     Локација     Понуда     Галерија     Контакт